РАДОСТ ЗА СИТЕ ПРИЛЕПЧАНЧИЊА: Утре, голем пролетен хепенинг на Могила

Сподели го ова:





























На 21 март, паркот на Mогилата ќе биде место за радост, дружба и пролетно задоволство! Општина Прилеп, заедно со основните училишта, организира Пролетен хепенинг како дел од иницијативата за создавање посветеност кон инклузивноста и заеднички активности по повод Денот на пролетта и екологијата. Настанот ќе биде исполнет со многу забава и активности, вклучувајќи музика, игри, и најважно – засадување садници!

Придружете ни се и запознајте се со новото инклузивно игралиште, кое ќе биде место за радост и разигрување за сите наши мали и големи пријатели.

21 март, од 11 до 12 часот на паркот на Могилата.




Сподели го ова:

Слични објави