Првото бебе во 2025 година во општина Прилеп е женско!
Првото бебе во 2025 година во општина Прилеп е женско! Во знак на внимание и поддршка, во името на Локалната самоуправа на општина Прилеп, на мајката и слаткото бебенце им беа подарени штедна книшка и пригодни подароци.
Денеска, со голема радост, го започнавме првиот ден од новата година со посета на одделението за гинекологија и акушерство во болницата ,,Борка Талески” во Прилеп, каде што го посетивме првороденото бебе во нашата општина. Заедно со претседателката на Советот, директорот на болницата и тимот на лекари и медицински сестри, на мајката Ангела и на малата Стефани им посакавме многу здравје, среќа и долг живот.Во знак на внимание и поддршка, во името на Локалната самоуправа на општина Прилеп, им подаривме штедна книшка и пригодни подароци. Со ваков убав почеток, веруваме дека оваа година ќе биде бериќетна за сите нас во општина Прилеп. Со надеж и оптимизам, продолжуваме заедно да градиме подобра иднина за нашите сограѓани. Среќна и бериќетна Нова година! – истакна прилепскиот градоначалник Борче Јовчески.
