Пронајдени 381 насади канабис-четворица приведени

Сподели го ова:




Вчера вечерта околу 20.00 часот на место викано “Жабјак”, атар на с.Негорци, гевгелиско, полициски службеници од Регионален Центар за гранични работи Југ ги лишиле од слобода Ј.М.(30) од с.Негорци, С.В.(25) од Гевгелија, В.Л.(21) од Богданци и Х.М.(23) од Гевгелија. При претрес на повеќе локации на наведеното место, полициски службеници пронашле и одзеле 381 насади од растението Канабис сатива, а лицата биле затекнати на местото.Тие биле приведени и задржани полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.





Сподели го ова:

Слични објави