Променливо облачно – дождливо време не очекува во текот на целиот ден

Сподели го ова:






























Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во западните делови, каде се очекува локално да наврнат и над 25 литри на метар квадратен. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, додека пак максималната ќе достигне од 11 до15 степени.

Во сабота, времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд со послаб интензитет, меѓутоа од недела следува претежно стабилно време со потпросечни температури за овој период од годината. 




Сподели го ова:

Слични објави