Продолжува потрагата по момчето кое вчера исчезна во водите на Вардар
Станува збор за момче кое што вчера почнало да се дави во водите на Вардар,при што неговото другарче направило обид да го спаси и да го извлече од водата, меѓутоа таквиот обид бил неуспешен.Момчето се до овој момент не е пронајдено. Врз основа на ова, припадници на специјална нуркачка единица на МВР и полицијата и денеска ја продолжуваат потрагата по момчето кое вчера исчезна кај неготинско Пепелиште во реката Вардар.