Проданоски: Нека овој свет ден донесе спокој во вашите домови, здравје за вас и вашите најблиски
Денес на празникот Голема Богородица прилепчани се упатија на утринската богослужба кон манастирот “Успение на Пресвета Богородица – Трескавец” во Прилеп, чија црквата е стара повеќе од 5 века. Помеѓу големиот број на верници, беше и прилепскиот градоначалник Дејан Проданоски заедно со неговиот тим.
“Нека овој свет ден донесе спокој во вашите домови, здравје за вас и вашите најблиски и радост во секое семејство. Нека верата ни даде сила да останеме луѓе едни кон други, да си помагаме и да ги негуваме добрината, почитта и заедништвото.
На сите православни верници и на сите мои сограѓани им го честитам празникот Успение на Пресвета Богородица.
Нека Пресвета Богородица ги чува вашите семејства и нека ви подари здравје, мир и благослов” – порача Проданоски.
