ПРОДАНОСКИ: Кога имаме бесрамно тргување со националните интереси од владеачката елита на централно ниво, да се потсетиме, дека токму учениците на Кирил и Методиј, станаа учители на целото словенство

Сподели го ова:


























Црковно-научна трибина на тема: ,,1160 години од Моравската мисија на солунските браќа и просветители св. Кирил и Методиј” се одржа вечерва во Општина Прилеп, во присуство на Неговото Високопреосвештенство Митрополит Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско-новозеландски г-дин Петар, како и во присуство на голем број на наши сограѓани.

Одбележувајќи го овој голем ден, преку настани од ваков, едукативен карактер, ние само се потсетуваме на значењето кое го имаат светите браќа Кирил и Методиј и се поклонуваме пред нивниот лик и дело.

Мораме да се потсетиме на неколку факти од историјата, дека токму од ова парче земја, ја создале и ја прошириле глаголицата и дека трансформацијата на старословенскиот јазик во прв пишан јазик на словенските земји, помогна преку превод на Светото Писмо, христијанството, да се прошири помеѓу Словените.

Во време кога нѐ негираат од сите страни, кога имаме бесрамно тргување со националните интереси од владеачката елита на централно ниво, да се потсетиме, дека токму учениците на Кирил и Методиј, станаа учители на целото словенство и нивната мисија помогна словенските народи да се интегрираат во европскиот политички и духовен простор.

Значењето на мисијата на светите браќа, им овозможи на словенските народи да го спознаат Божјото слово, и им даде средство преку кое сами ја создаваа и ја пренесуваа традицијата, културата и историјата

Правото човек да говори на сопствен јазик, да пишува на сопствен јазик, правото на самоидентификација, се впрочем универзалните права за кои се залагаа Кирил и Методиј.

Создавањето на глаголицата несомнено е темел на културолошкиот процес. Преку овој процес и преку ширењето на словенската цивилизациска свест придонеле кон развојот на еден просветителски континуитет кој ќе го продолжат свети Климент и свети Наум.

Ете затоа е значаен 24 мај, затоа што преку големиот празник се потсетуваме на историското-културолошкото и епохалното значење на светите браќа” – порача претседателот на Совет на Општина Прилеп Дејан Проданоски.




Сподели го ова:

Слични објави