Проданоски: До сите сограѓани од исламска вероисповед упатувам искрени честитки по повод големиот празник Курбан Бајрам, со желби за мир, здравје, радост и благосостојба во секое семејство

Сподели го ова:





























Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, по повод Курбан Бајрам упати честитка до муслиманските верници во која се вели:

“До сите сограѓани од исламска вероисповед упатувам искрени честитки по повод големиот празник Курбан Бајрам, со желби за мир, здравје, радост и благосостојба во секое семејство.

Ова е празник на хуманоста, почитта и споделувањето. Празник што нè потсетува дека најголемите вредности се добрината, подадената рака и грижата за ближниот.

Ви посакувам празникот да донесе мир во вашите домови, здравје во вашите семејства и радост во срцата. Поминете ги празничните денови со најблиските, во спокој, љубов и добро расположение.

Да продолжиме заедно да ги почитуваме вредностите на соживотот, меѓусебната почит и човечноста, затоа што токму тие го прават Прилеп подобро место за сите” – порача Проданоски.




Сподели го ова:

Слични објави