Проданоски дел од настанот „Унапредување и зајакнување на меѓуопштинската соработка во локалната самоуправа“

Сподели го ова:





























Денеска во Скопје прилепскиот градоначалник Дејан Проданоски беше на настанот „Унапредување и зајакнување на меѓуопштинската соработка во локалната самоуправа“, во организација на Министерството за локална самоуправа, во соработка со УНДП и со поддршка на Владата на Швајцарија.

“Заедно со претставници на институции, општини и меѓународни организации разговаравме за предизвиците и можностите за подобра координација помеѓу општините.

Меѓуопштинската соработка се потврдува како клучен механизам за поефикасна испорака на услугите кон граѓаните, особено во услови кога општините се соочуваат со заеднички предизвици и ограничени ресурси.

Посебен акцент беше ставен на имплементацијата на препораките од релевантните извештаи и на потребата од системски пристап во креирањето политики што ќе овозможат одржлив развој на локалната самоуправа.

Ваквите настани се важни за размена на искуства и градење партнерства, кои директно придонесуваат за поквалитетни услуги и подобар живот за граѓаните” – истакна Проданоски.




Сподели го ова:

Слични објави