74 нови случаи на заразени-можни рестрикции за невакцинираните од оваа есен

Сподели го ова:




Вчера беа регистрирани 74 нови случаи на заразени, откако неколку дена по ред состојбата со Ковид-19 беше стабилна,  Како што изјави министерот за здрваство  нема простор за паника, при што се размислува за рестрикции во есенските месеци, пред се заради тоа што луѓето ќе се вратат од годишните одмори. Исто така кога станува збор за заштитата, постои можност да се оди по примерот на некои други земји и да се бара задолжителна потврда за вакцинација. Еве што истакна министерот Венко Филипче: “Овие мерки ќе важат за тие кои не се вакцинирани. Има мерки кои веројатно ќе продолжат да важат и понатаму, тоа се маските во затворен простор. Точно е дека можат да се заразат и луѓе кои се вакцинирани, меѓутоа вакцината штити од тешка форма на болеста и сериозно го намалува ризикот од смртен исход и тоа е суштината. Многу веројатно е дека ќе дојде и некоја следна мутација, а тоа не значи дека ние ќе живееме и треба да живееме со рестрикции”-нагласи министерот, при што според него рестриктивните мерки во однос на барање тестови на граници, не треба да се воведат.





Сподели го ова:

Слични објави