Приведено лице барано по потерница

Сподели го ова:




Вчера во 14.45 часот на ул.„Христо Татарчев“ во Скопје, полициски службеници од Единица за внатрешни работи Кисела Вода-Отсек Потраги, врз основа на централна потерница и судска наредба, го лишиле од слобода лицето Т.К.(49) од Скопје за издржување казна затвор за сторено кривично дело „кражба“ по член 235 од Кривичниот законик.
Тој бил предаден во Полициската станица Кисела Вода за понатамошна постапка и спровод во казнено-поправна установа.





Сподели го ова:

Слични објави