Приведени дилери на кокаин и марихуана

Сподели го ова:




Вчера, на 07.09.2021 полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи и СВР Скопје Единица за недозволена трговија со дрога и оружје приведоа три лица. Околу 14 часот во центарот на Скопје приведен е Д.М.М. (36) роден во Белград, а живее во Скопје, бидејќи кај него е пронајдена кеса со остатоци од марихуана. Во координација со ОЈО Скопје извршен е претрес во дом на Е.Р. од Скопје и при тоа е пронајден кокаин и над еден килограм марихуана и една дигитална вага.Во дворот на објектот е лишен од слобода и А.П. (33) од Скопје, кај кого е пронајдена марихуана. По документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.





Сподели го ова:

Слични објави