Пристигнаа и последните наши граѓани евакуирани од Авганистан

Сподели го ова:




Од Лондон преку Цирих вчера вечерта на Меѓународниот Аеродром – Скопје, во 19:30 пристигнаа 20 наши граѓани кои претходно беа евакуирани од Авганистан, но поради КОВИД мерките беа во карантин во Свиндон, Велика Британија-заедно со последните двајца наши државјани, евакуирани од Авганистан, кои слетаа исто така вечерва во Скопје во 1:30 по полноќ. Со ова завршува процесот на репатријација на нашите граѓани од Авганистан. Министерството за Надворешни работи започна посебна акција за евакуација на нашите државјани од Кабул, за што беше формирана и посебна работна група во рамките на МНР. Акцијата за евакуација започна во неделата, на 15 август, со првата група граѓани кои беа евакуирани за Доха, Катар. После неколку дена, сите граѓани беа евакуирани од Авганистан, а во изминативе две недели, преку преку Абу Даби, Осло и Лондон, сѐ до денес, сите наши граѓани се вратени во земјава.





Сподели го ова:

Слични објави