Прилепските советници од ВМРО – ДПМНЕ: Прилеп оди напред со конкретни проекти, реални инвестиции и видливи резултати!
Отчет на советниците од ВМРО ДПМНЕ за реализираните проекти во Прилеп
“Развојот на Прилеп не е приказна од еден проект. Тој се гледа преку десетици реализирани, тековни и подготвени инвестиции, со средства од Општина Прилеп, со поддршка на Владата и ресорните министерства.
Во изминатиот период реализиравме и работиме на:
– „Кружен тек кај Табана“ капитален инфраструктурен проект вреден над 2 милиони евра, со реконструкција и проширување на мостот, изградба на кружен тек, регулација на речното корито, канал и нова инфраструктура.
– „Кузман Јосифоски“ – реконструкција на 300 метри главна водоводна линија и дополнителна секундарна мрежа, а Општината со сопствени средства ја продолжува рехабилитацијата на улицата.
– Кеј „1-ви Мај“ – нови тротоари, осветлување и урбана опрема.
– ООУ „Рампо Левката“ – ново спортско игралиште и комплетно реконструирана фасада со нова термоизолација.
– Спортското катче во Точила – реконструирани фудбалско, кошаркарско и одбојкарско игралиште и поставени нови фитнес реквизити.
– Ново детско игралиште во Типски – современ простор со спортска подлога, реквизити, осветлување и зелени површини, а наскоро започнува и изградбата на ново игралиште зад Участакот.
– Плоштад „Методија Андонов – Ченто“ – уредени 2.100 м² јавна површина со нова урбана опрема, зеленило и повеќе од 20 нови клупи.
– Карабдалица – по повеќе од 70 години, реконструирани 1.240 метри водоводна мрежа, со 124 нови приклучоци и 7 хидранти.
– Индустриска зона „Металец“ – реконструкција и асфалтирање на 973 метри патна мрежа, тротоари и ново улично осветлување.
– Сервисна улица кај „Жито Прилеп“ – нова улица во должина од 392 метри со канализација, водовод, тротоари и осветлување, со што се создаваат подобри услови за стопанството и нови инвестиции.
– Центар за услуги – граѓаните добиваат пристап до стотици електронски услуги на едно место.
– „11-ти Октомври“ – нови тротоари, велосипедски патеки и осветлување, како и технички мерки за забавување на сообраќајот на повеќе локации.
– Фотонапонска централа на пречистителната станица – инвестиција од над 10 милиони денари и капацитет од 540 kW за производство на електрична енергија од обновлив извор.
– Центар за дневен престој на стари лица за активно стареење – капацитет за 48 корисници и нова социјална услуга за повозрасните граѓани.
– Селце и Лениште – во тек е реализацијата на овие роекти за нови водоводни мрежи со инвестиции од 6 и 18 милиони денари.
– Улица „Победа“ и новиот мост – инвестиции вредни повеќе од 100 милиони денари преку Министерството за транспорт.
А веќе се подготвени и следните капитални зафати:
-Комплетна реконструкција на улицата „Трајко Николоски“ – околу 67 милиони денари.
-Реконструкција на улицата „Орде Чопела“, влезот на градот од страната на Македонски Брод -проект во висина од 120 милиони денари.
-Полуподземни контејнери на 21 локација – инвестиција од околу 18 милиони денари.
Покрај инфраструктурата, инвестираме и во културата, спортот и младите. Средствата за културни манифестации ги зголемивме од 4 на 12 милиони денари, за спортските клубови и здруженија се издвоени 14,5 милиони денари, а формиран е и Локалниот младински совет.
Само во јуни и јули Општина Прилеп поддржа и реализираше околу 120 културни, спортски, музички, забавни и едукативни содржини.
Сето ова е резултат на континуирана работа на градоначалникот Дејан Проданоски, заедно со Советот на Општина Прилеп, општинската администрација, јавните претпријатија и сите служби кои секојдневно се на терен.
Работа која не се мери со политички изјави, туку со она што останува зад нас, нова улица, нов тротоар, ново игралиште, нова водоводна мрежа, подобра услуга, нова инвестиција и подобри услови за живот.
Прилеп не се развива со соопштенија. Прилеп се развива со работа” – истакна советничката од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Елеонора Костоска Јованоска.
