Прилепскиот детски музички фестивал “Весели Ѕвончиња”, вчера направи вистински спектакал во Крушево на манифестација “Десет дена Крушевска Република”

Сподели го ова:




Прилепскиот Детски музички фестивал “Весели Ѕвончиња”, фестивалот каде што настапуваат деца од повеќе градови од нашата земја, вчера беше дел од овогодинешната манифестација “Десет дена Крушевска Република” во Крушево.  Врз основа на тоа, специјално во Крушево допатуваа голем број на родители заедно со своите деца од повеќе градови од нашата земја, зашто вчера, посетителите имаа одлична можност во една вечер да ги погледнат последните две фестивалски изданија, спакувани како еден детски музички пакет. На паркингот на Гумење беше преполно од паркирани автомобили од Скопје, Неготино, Радовиш, Охрид, Крушево, Прилеп, Тетово и Ресен, кои специјално допатуваа во Крушево за да уживаат со своите деца во детските музички хитови. Сето ова е потврда дека овој детски фестивал како резултат на неговиот квалитет е лидер кога станува збор за детските музички фестивали во нашата земја. Овој фестивал заслужено се најде во програмата на “Десет дена Крушевска Република”, бидејќи станува збор за детски музички фестивал кој што врз основа на својот квалитет, уникатност и квалитет на песните, моментално е број 1 во нашата земја, посебно кај најмладата публика, бидејќи мометално кај младите е во тренд да се пее на овој фестивал. Песните од фестивалот постојано-секојдневно се пуштаат на 7-8 локалните телевизии-посебно во утринските детски тв блокови, а целосната снимка од фестивалот секоја година се емитува на Национална Телевизија. Фестивалот има детски и тинејџерски музички блок, и истиот е поддржан со официјална видео поддршка од голем број на музички ѕвезди од народната и забавната музичка сцена како што се: Јоце Панов, Миле Кузманоски и многу други. Со својот настап во Крушево на 9-ти Август, Фестивалот преку своите две последни фестивалски изданија им пружи одлична забава на Крушевчани, како и на големиот број на гости од цела наша земја кои вчера беа присутни во Крушево на манифестација “Десет дена Крушевска Република”, а воедно уживаа во убавините во Крушево и во чистиот планински воздух. Најновото издание на фестивалот ќе се одржи оваа есен традиционално во Прилеп каде ќе настапат деца од повеќе градови од оваа наша земја. Директорите на Фестивалот Драган Јанкоски и Гоце Илиески Балада, за оваа година најавија спектакуларна забава во Прилеп. Исто така организаторите најавија дека за оваа година-поточно за фестивалот кој ќе се одржи во Септември се пополнети сите места за учество, при што им се извинуваат на сите родители кои овие денови постојано прашуваат дали има слободно место, меѓутоа за голема радост на сите, веднаш штом ќе заврши најновото фестивалско издание овој  септември, веќе следниот ден организаторите ќе започнат со аудиции за најновото фестивалско издание за во 2022 година.

Можно е да е слика од 13 луѓе, луѓе што стојат и внатре
Можно е да е слика од 12 луѓе, дете, луѓе што стојат и внатре
Можно е да е слика од 15 луѓе, вклучително Teona Bogdanoska, дете, луѓе што стојат и внатре
Можно е да е слика од 11 луѓе, вклучително Valentina Spaseska, дете, луѓе што стојат и внатре
Можно е да е слика од 1 лице, стоење и внатре





Сподели го ова:

Слични објави