“Прилепски Водовод” повикува на трпение и разбирање до целосно отстранување на дефектот и враќање на водоснабувањето во нормала

Сподели го ова:





























ЈКП„Водовод и канализација“ Прилеп ги известува граѓаните на Општина Прилеп дека е настанат дефект на водоводната линија на ул.„Борка Талески“. Моментално екипите на јавното претпријатие се на терен и работат интензивно со цел што побрзо санирање на истиот.

Поради тоа, извесен период во текот на денот ќе нема вода на дел од улицата „Борка Талески“ и тоа на потег од локалот Имиџ до ул. „Кеј 1ви Мај“, како и дел од старата чаршија.

Повикуваме на трпение и разбирање од засегнатите граѓани до целосното отстранување на дефектот и враќање во нормала на водоснабувањето во овој дел од центарот на Прилеп.

Со почит,

ЈКП „Водовод и канализација“ Прилеп




Сподели го ова:

Слични објави