ПРИЛЕПСКИ-СВЕТСКИ БРЕНД: ППК “Младост 96”-Прилеп во финалето на Македонското пинг-понг првенство
ППК “Младост 96”-Прилеп веќе се пласира во финалето. Во реванш натпреварот од полуфиналето на Македонското пинг-понг првенство, ППК “Младост 96” имаше убедлива победа и во Штип. После победата во Прилеп, вчера прилепскиот пингпонгарски бренд имаше уште поубедлива победа против “Шампони ФА” со резултат 4-0, која се постигна преку перфектна игра од сите играчи. Во финалето ППК “Младост 96” ќе игра со ППК “Крива Паланка 2007”.
Веќе од денеска (понеделник) “Младост 96” заминува за Србија во Суботица, на дополнителни припреми за учеството во Европските купови. Прилепскиот пингпонгарски клуб ќе направи конкретен обид да го освои првото место во Романија, а со самото тоа да се избори за Гранд финалето кое ќе се одржи во јуни оваа година во Хавиров-Чешка.
