Прилепската пратеничка Билјана Кузманоска, заедно со членките од Унијата на жени на ОК ВМРО-ДПМНЕ – Прилеп, ги посетија малите играорци од КУД ,,Моминок”
Прилепската пратеничка Билјана Кузманоска, заедно со членките од Унијата на жени на ОК ВМРО-ДПМНЕ – Прилеп, ги посетија малите играорци од КУД ,,Моминок” кое работи под покровителство на НУЦК МАрко Цепенков – Прилеп, при што на слатките мали играорци им беа поделени новогодишни пакетчиња.
Заедно со членките од Унијата на жени на ОК ВМРО-ДПМНЕ – Прилеп, во духот на новогодишната магија, им посакавме здравје, радост и многу успеси на нивните играорни патеки. Драги играорци, продолжете да ја ширите убавината на нашата традиција со вашите чекори, ритам и насмевки. Нека новата година биде полна со успех и секое ваше оро да биде од срце! Среќна Нова година и блескајте како вистински ѕвезди на секоја сцена! – порача пратеничката Кузманоска.
