Прилепската – светска компанија “Комфи Ангел” претставува голема гордост како за Прилеп, така и за нашата земја

Сподели го ова:




За да се постигне успех, потребна е макотрпна работа. Меѓутоа исто така потребна е една етичка-морална работа каде што треба да имате респект како за Вашиот најголем партнер, државните институции и државата, така и за партнерите кои се основачи на компанијата.  Меѓутоа покрај сите овие претходно наведени, многу е битно да имате голем респект врз добавувачите, како и врз вработените кои го претставуваат оној најбитен капитал на една компанија. Сето ова претходно наведено е целосната слика за прилепската, но сепак светска компанија “Комфи Ангел” која што е лидер на пазарот кога станува збор за производството и продажбата на јоргани, перници, заштитници за душеци, како и разни видови на квалитетни постелнини. Оваа компанија исто така е и лидер во својата работа која што се карактеризира со огромна посветеност, вистински начин на менаџирање, мотивирана работна сила, како и одлични човечки ресурси.

Оваа прилепска компанија започна  со минимален број на вработени, а денес е една од најголемите компании во нашата земја, а сето ова претставува таков успех кој никако не смее да биде занемарен, меѓутоа и покрај се, како најголемо богатство на оваа компанија претставуваат вработените.Успешната соработка помеѓу секторите и вработените во “Комфи Ангел” е неизбежен дел од работниот процес на оваа компанија. Сето ова се должи на соработката помеѓу вработените кои што ги прави да бидат уште поуспешни и уште покоординирани во секој нареден проект на кој што самите тие работат, како едно големо семејство.

Да се работи во “Комфи Ангел” секогаш претставува огромна чест, бидејќи во оваа компанија  постојано задоволство e да се работи бидејќи никогаш како компанија не стојат во место, со оглед на тоа што 99% од производството е наменето за извоз во странство. Со други зборови знаеме дека пазарот постојано се движи а сето тоа бара нови предизвици со кои што постојано се соочуваме. Што се однесува до можноста за унапредување и надоградување на вработените, во оваа компанија таквата можност е реална и огромна Генералниот менаџер Ирена Јакимоска и останатите менаџери околу неа испишуваат една успешна приказна за компанија која што одлично работи, нуди голема посветеност кон своите вработени, а за нивните потрошувачи ширум целиот свет нуди одличен, совршен и незаменлив  квалитет на нивните производи.





Сподели го ова:

Слични објави