Прилепска месарница доби казна од Агенцијата за храна и ветеринарство
АХВ изрече казна за прилепска месарница, како и на лице од Ново Лагово при што казнет е земјоделец заради нерегистрирано производство на сирење, па како резултат на тоа на лицето веднаш му било наложено да ја регистрира дејноста.
Како што информира АХВ, исто така во Прилеп изречена е и казна на месарница, бидејќи истата не водела дневна евиденција за потрошените суровини за производство на подготовки од месо. АХВ во соопштението нема наведено за која месарница станува збор.
Зошто прилепската месарница се одлучила на овој принцип на работа, сеуште не е познато!
