|

Прилепчанката Пулексенија Јованоска на овогодинешните Олимписки игри во Токио

Сподели го ова:




На овогодинешните Олимписки игри Пулексенија Јованоска во Токио ќе се натпреварува во дисциплината „кати“, во која место имаше само за десет  најдобри каратистки од земјите ширум светот. Оваа прилепчанка претставува голема гордост не само за Прилеп, туку и за целата наша земја. „Најтешко беше да се влезе меѓу десетте каратистки кои ќе учествуваат на Олимписките игри. За Токио заминувам со позитивна енергија, свесна за притисокот што го носи учеството на еден ваков настан. Во Словачка одработивме исклучително квалитетни едномесечни завршни припреми, а до заминувањето во четврток останува со селекторот да го заокружиме сето она кое досега го сработивме. Мојот настап ќе биде следниот четврток, 5-ти август, во 3 часот наутро по македонско време. Притисокот е огромен, а мојата цел е да уживам во натпреварувањето, да уживам во секој момент, бидејќи со самото учество на Олимпијадата се оствари мојот животен сон“, изјави Јованоска на вчерашната средба со прилепскиот градоначалник.





Сподели го ова:

Слични објави