ПРИЛЕПЧАНИ ЗГРОЗЕНИ ОД УЖАСНИОТ НАСТАН: Во Прилеп, малолетно девојче било допирано по телото и снимано од страна на две лица
Денеска 22.07.2023 година, нешто после 50 минути по полноќ во просториите на ОВР-Прилеп, 39 годишен прилепчанец пријавил дека во текот на вчерашниот ден (21.07.2023) нешто околу 22 часот, неговата малолетна ќерќа била пресретната од страна на вкупно две лица.
Имено, едно од двете лица, започнало да ја допира по телото, додека пак другото снимало со мобилниот телефон.
МВР, презема мерки за расчистување на случајот.
