Прилепчани зависни од социјални мрежи??

Сподели го ова:




Пред десетина денови имаше прекин на Facebook мрежата кој што траеше неколу часови,а прекинот од само неколку часови како да траеше цела вечност-изјавуваат дел од нашите сограѓани. Сето ова беше доказ дека нашите сограѓани се зависни од социјални мрежи. На Facebook мрежата пред десетина дена не можеше да се пристапи еден извесен период, а веќе кај поголемиот број на наши сограѓани (како што ни изјавија и самите) се појави напнатост, нервоза, и постојано проверување на мобилните телефони за да се види дали Facebook мрежата е повторно активна. Сето ова е конкретен доказ дека освен што времето не е исто како порано, и луѓето не се исти, бидејќи им е всадена една погрешна навика-да бидат зависни од телефон и социјални мрежи. Сето тоа подразбира дека со тек на време се повеќе ќе исчезнува оној директен-природен контакт помеѓу луѓето, а ќе се зголемува оној вештачки контакт кој ќе биде на социјалните мрежи. Дали ова значи дека доаѓа едно ново време на неприродна вештачко-електронска дружба каде директниот контакт и дружбата помеѓу луѓето ќе стане минато?? Се разбира дека не, меѓутоа само ако не дозволиме да станеме робови на модерната техника и технологија, која доколку се користи умерено и правило може да создаде голем број на придобивки во однос на информации и информираност.





Сподели го ова:

Слични објави