ПРИЛЕПЧАНИ ЗА ДА ПОМИНАТ НА ПЛЕТВАР, ЧЕКААТ СО ЧАСОВИ: Поради изведување на градежните работи ќе има пренасочување на сообраќајот по две коловозни ленти
Како што известуваат од страна на АМСМ, Стентон градба ДОО известува за времена измена на режим на сообраќај на државен пат крак А1 ,делница Градско – Прилеп (Фариш-Прилеп) , поточно после мостот на р. Раец кон Плетвар заради отпочнување со градежни активности на 02.03.2022 г. во врска со проект Рехабилитација на државен пат А1,Делница Фариш-Прилеп и ќе трае во наредните 12 месеци.
Поради изведување на градежните работи ќе има пренасочување на сообраќајот по две коловозни ленти, возачите треба да ја следат поставената патна сигнализација и да возат со намалена брзина при поминување на работната делница.
