Прилепчани уредно си плаќаат данок на Општината, а наместо асвалт има дупки на секој чекор

Сподели го ова:




Прилепчани револтирани. Уредно си плаќаат данок на Општината, а наместо асвалт има дупки на секој чекор низ градот. “Општината е таа која што треба да го санира овој проблем, а тие ниту со прст не помрднуваат…За ова ли ги гласавме?? Кој ќе ни ги плати секојдневните поправки на нашите автомобили кои ги правиме речиси секој месес заради неасфалтираните улици?? Градоначалникот и неговата партија треба веќе да почнат да работат-онака како што треба, онака како што ветуваа”….-изјавуваат дел од граѓаните.

Еве што друго истакнуваат нашите сограѓани: “Што се однесува до дупките по улиците низ Прилеп, најверојатно нема да се поправат, некоја недела пред изборите-оваа година, градоначалникот на Прилеп за да собира изборни поени, ќе ги раскопа улиците-демек ќе се асвалтираат, а веднаш кога владеачката партија во Прилеп ќе ги изгуби изборите за градоначалник во Прилеп-оваа 2021 година, обврската за асвалтирање на улиците кои пред изборно ќе бидат раскопани во Прилеп (за добивање на политички поени на сегашниот градоначалник), ќе му припадне на кандидатот од ВМРО-ДПМНЕ, кој со сигурност ќе победи на следните избори за градоначалник на Прилеп, а таков голем рејтинг од опозициската партија и луѓе од збор се Дејан Продановски или пак Борче Јовчески. Најверојатно еден од овие двајца наши прилепчани ќе биде новиот градоначалник кој што ќе го изберат граѓаните за нов градоначалник на Прилеп, зашто како што истакнуваат Прилепчани, на Прилеп му требаат луѓе со авторитет, чесност и посветеност, а овие двајца чесни прилепчани со сигурност ќе ги вратат гласовите на разочараните членови на ВМРО-ДПМНЕ”-истакнуваат граѓаните





Сподели го ова:

Слични објави