ПРИЛЕПЧАНИ СО ПОДДРШКА ЗА СВОИТЕ СОГРАЃАНИ: И вработените од прилепската пошта имаат семејства за хранење!

Сподели го ова:





























Револтот кај нашите прилепски сограѓани кои работат во прилепската подружница на “Македонска пошта” постојано расте. Денеска, двете синдикални организации на Македонска пошта повторно одржаа уште еден “предупредувачки протест” за време на нивната пауза (помеѓу работното време). Веќе втор ден, вработените во прилепската подружница на Македонска пошта си ги бараат своите права, односно:

– да им биде исплатена септемвриската плата,

-да не се доцни со исплатата на платите во иднина,

да се подобрат нивните услови за работа,

-државата да биде таа која ќе ги користи нивните услуги,

-се бара државата да не ангажира приватни пошти, се со цел за да се зголемат нивните сопствени приходи.

Голем дел од прилепчани на нивните профили на социјалните мрежи објавуваат официјална поддршка за своите сограѓани вработени во “прилепската пошта” под мотото: “И вработените од прилепската пошта имаат семејства за хранење!”




Сподели го ова:

Слични објави