Прилепчани револтирани, а прилепските административци презадоволни од новиот предлог закон според кој што најверојатно во петок ќе работат само 4 часа

Сподели го ова:




Според новиот предлог закон, администрацијата наместо 8 во петок ќе работи “цели” 4 часа, а сето ова е влезено во нацрт верзијата на новиот предлог закон за административни службеници врз основа на што администрацијата наместо 40 часа ќе работи по 36 часа неделно, односно од понеделник до четврток ќе работи по 8 часа, додека во петок само четири часа. Веднаш после најавата на ваквиот закон во сите градови во нашата земја, а посебно во Прилеп се јави голем револт помеѓу граѓаните, додека пак на административците ова му дојде уште како една награда-сметаат граѓаните. На социјалните мрежи започнаа веднаш да се редат коментари во кои прилепчани го искажуваа своето незадоволство, зашто според нив, во приватниот сектор може да се работи по 8 часа некогаш и по 7 дена во неделата за да се задржи работното место, а во државниот сектор е друга политика. Надлежните институции сметаат дека донесувањето на овој закон ќе овозможи поголема ефикасност и поголема достапност на услугите кои ги нудат административните службеници. Што мислите Вие??





Сподели го ова:

Слични објави