Прилепчанецот Сугарески поднесе оставка од претседател и член на надзорниот одбор на СДСМ

Сподели го ова:


Горан Сугарески-поранешниот министер за транспорт и врски и поранешниот директор на Царинската управа, веднаш по неговиот пораз на локалните избори за градоначалник на Прилеп, си поднесе оставка од функцијата претседател и член на Надзорниот одбор на СДСМ. Сугарески оваа негова оставка ја објави на неговиот Фејсбук профил. Имено еве што тој точно напиша: Во знак на морална одговорност за неуспехот на локалните избори, како на локално така и на централно ниво, поднесувам оставка од функцијата претседател и член на Надзорниот одбор на СДСМ. Извршувањето високи партиски и државни функции, покрај другото подразбира и одговорност кон граѓаните и членовите на нашата партија. Во таа насока, оставката претставува мој придонес за што побрза консолидација на партијата и што поскоро враќање на победничките патеки-истакна Сугарески





Сподели го ова:

Слични објави