Прилепчанецот Димитар Димески го напиша новиот учебник за историја наменет за учениците од 7-мо одделение
Сподели го ова:
Со доаѓањето на новата учебна година, се прават и последните подготовки за успешен почеток на учебната 2024/2025 година. Учебниците веќе се дистрибуираат до директорите на училиштата, а помеѓу тие учебници е учебникот по историја за 7-мо одделение, кој го напиша нашиот прилепчанец м-р Димитар Димески.
Преку примената на овој учебник напишан од страна на Димески се очекува учениците од 7-мо одделение низ целата наша земја, да се стекнат со потребните знаења по историја, бидејќи како велат “една земја која нема историја – нема минато, а ќе нема ниту иднина”, а нашата земја е богата со огромна историја која не треба да се заборави!
Дека учебниците навремено се дистрибуираат до училиштата, потврди и министерката за образование која истакна:
:Повеќе нема да доцнат одговорите на барањата и исплатата на финансиската поддршка за учество на ученици на престижни меѓународни натпревари. Ги менуваме негативните практики воспоставени од претходните раководни структури на институцијата.
Сакам да информирам дека изминатите два месеца, исплативме парични награди во износ од 1,4 милиони денари на 15 ментори на ученици кои освоиле медал на меѓународни научни олимпијади во 2022 година. Цели две години никој не се погрижил да им го надомести стекнатото право на наставниците.
Минатата недела на сметките на 16 ученици, исплатени се 276 илјади денари по основ на освоени награди на меѓународни олимпијади, десетта и единаесетта месечна рата. Исто така, исплатен е заостанат долг од 430 илјади денари по основ на парични награди за ученици и наставници ментори кои освоиле прво место на државни натпревари во 2023 година.
Денеска потпишав и прифаќање на две пристигнати барања за покривање на патните трошоци на учениците и наставниците ментори кои учествуваа на Европската јуниорска олимпијада по информатика и на Јуниорската балканска математичка олимпијада. Родителите на учениците со право реагираат дека досега не добиле никаква поддршка од државата, иако дел од овие ученици редовно учествуваат и освојуваат награди на престижни натпреварувања.
Министерството станува партнер на талентираните ученици. Наместо незаинтересираност, институцијата покажува проактивност за стимулација, финансиска и логистичка поддршка на младите кои учествуваат на меѓународни научни олимпијади и натпревари, за да постигнуваат уште подобри резултати” – истакна министерската за образование Весна Јаневска.
Вистинска убавина пристигна во прилепската градска билница, каде моментално во одделението за гинекологија и акушерство се води грижа за 10 новороденчиња. “Добар ден од најмалите пациенти Пријатен и убав ден Ви посакуваат најмалите пациенти сместени на одделението за гинекологија и акушерство при ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Прилеп. Овие неколку фотографии се само потврда…
Возљубени верници и почитувачи на Бигорската Свештена Обител на Чесниот Претеча, Ве известуваме дека на денот кога го славиме сечесниот празник на Раѓањето на нашиот патрон и небесен застапник, светиот и славен Пророк, Претеча и Крстител Господов Јован: Во недела, на 6 јули, во Бигорскиот Манастир ќе се отслужи сеноќно бдение, коешто ќе започне во 20:30 часот,…
Денеска е славата на голем број на прилепчани, поточно на оние кои го слават големиот чудотворец св. Василиј Острошки, кој што е роден во Попово Село во Херцеговина, од родители прости но благочестиви. Од малечок бил исполнет со љубов кон Божјата Црква, а кога порасна отиде во требињскиот манастир на Успение на Пресвета Богородица и…
На 29.05.2024 во 11.00 часот во СВР Скопје, 45-годишен маж од Скопје пријавил дека на 27.05.2024 околу 19.10 часот во канцеларија на подрачјето на Центар бил физички нападнат од неговата партнерка М.С.(45) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот -информира МВР.
До 24.01.2025 времето во нашата земја ќе биде променливо облачно, проследено со пораст на дневните температури. Веќе од сабота вечер, се очекуваат локални врнежи од дожд, а на планините снег. Пообилни врнежи од снег ќе има во недела на 25.01. каде во ноќните часови се очекува да се формира нова снежна покривка, како на планините…
Уште еден прилепчанец во дресот на жолто црните! Станува збор за Божидар Илиески кој е новото засилување на бековската позиција, кој ни доаѓа од редовите на Мулти Есенс. По стапките на својот татко, уште од најмала возраст го засакува ракометот и започнува тоа да биде негова животна пасија. Зад себе има многу успешни пласмани, а…