Прилепчанецот Димитар Димески го напиша новиот учебник за историја наменет за учениците од 7-мо одделение
Сподели го ова:
Со доаѓањето на новата учебна година, се прават и последните подготовки за успешен почеток на учебната 2024/2025 година. Учебниците веќе се дистрибуираат до директорите на училиштата, а помеѓу тие учебници е учебникот по историја за 7-мо одделение, кој го напиша нашиот прилепчанец м-р Димитар Димески.
Преку примената на овој учебник напишан од страна на Димески се очекува учениците од 7-мо одделение низ целата наша земја, да се стекнат со потребните знаења по историја, бидејќи како велат “една земја која нема историја – нема минато, а ќе нема ниту иднина”, а нашата земја е богата со огромна историја која не треба да се заборави!
Дека учебниците навремено се дистрибуираат до училиштата, потврди и министерката за образование која истакна:
:Повеќе нема да доцнат одговорите на барањата и исплатата на финансиската поддршка за учество на ученици на престижни меѓународни натпревари. Ги менуваме негативните практики воспоставени од претходните раководни структури на институцијата.
Сакам да информирам дека изминатите два месеца, исплативме парични награди во износ од 1,4 милиони денари на 15 ментори на ученици кои освоиле медал на меѓународни научни олимпијади во 2022 година. Цели две години никој не се погрижил да им го надомести стекнатото право на наставниците.
Минатата недела на сметките на 16 ученици, исплатени се 276 илјади денари по основ на освоени награди на меѓународни олимпијади, десетта и единаесетта месечна рата. Исто така, исплатен е заостанат долг од 430 илјади денари по основ на парични награди за ученици и наставници ментори кои освоиле прво место на државни натпревари во 2023 година.
Денеска потпишав и прифаќање на две пристигнати барања за покривање на патните трошоци на учениците и наставниците ментори кои учествуваа на Европската јуниорска олимпијада по информатика и на Јуниорската балканска математичка олимпијада. Родителите на учениците со право реагираат дека досега не добиле никаква поддршка од државата, иако дел од овие ученици редовно учествуваат и освојуваат награди на престижни натпреварувања.
Министерството станува партнер на талентираните ученици. Наместо незаинтересираност, институцијата покажува проактивност за стимулација, финансиска и логистичка поддршка на младите кои учествуваат на меѓународни научни олимпијади и натпревари, за да постигнуваат уште подобри резултати” – истакна министерската за образование Весна Јаневска.
Од март, минималната плата се зголемува на 18.000 денари, а сето ова е очекувано-велат дел од граѓаните бидејќи буквално поскапи скоро се. Искрено, и 18.000 денари е малку за да се преживее месецот… “80.000 наши сограѓани, работници во различни индустрии, почнувајќи од мартовската плата ќе земаат најмалку 18.000 денари. Оваа сума, означува раст на нето платата…
Прилеп, повторно ќе биде општина со чисти улици и средени паркови. Со оглед на големата посетеност на паркот кај Судот и барањето од граѓаните да се обнови куќарката, денеска беше поставена нова, на местото на дотраеното и пресечено дрво на кое што беше поставена старата куќарка. Како што истакнуваат од Општина Прилеп, летово овој парк…
Утрово, пронајдено е безживотно тело на 80 годишниот прилепчанец Б.Т. кое било изгризано од свињи. Телото е пронајдено на неговата фарма која се наоѓа кон стариот пат за Битола. Повеќе информации во следните наши објави.
Заради неспособноста на СДС македонските граѓани плаќаат најскапа струја во регионот. Цената на струјата во Македонија, која ја плаќаат граѓаните 89.5 евра за мегават час, и е убедливо најскапо од сите земји во регионот. Граѓаните на Србија и Косово плаќаат 50% поевтина струја од граѓаните во Македонија. Имено цената на мегават час електрична енергија во…
Денеска, во Основниот кривичен суд Скопје започна судењето за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и на велешанецот Панче Жежовски, при што во судницата беа спроведени првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо, Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов, како и Александар Ѓорчевски – таткото на убиената Вања Ѓорчевска. Со пиштол со калибар од 9 милиметри и преку перниче…
Секое дете, своја искрена сказна – безгрижно си плете…И ете, така е и во оваа наша музичка – детска бајка која што синоќа ќе се случи во Битола, во градскиот парк наспроти битолското шеталиште. Станува збор за големиот детски музички хепенинх “KIDS MUSIC FESTIVAL”, на кој специјално за најмладата битолска публика во убавата Битола пристигнаа…