Прилепчанец е пронајден затрупан – мртов во одрон од земја во рудникот „Суводол”

Сподели го ова:




Прилепчанец е пронајден мртов, затрупан во одрон од земја во рудникот “Суводол”. Врз основа на податоците од МВР, случајот е пријавен ноќеска, во 02.30 часот во СВР Битола. Станува збор за К.Т. (38) од Прилеп, кој работел како машинист, кој што бил пронајден затрупан во одрон од земја во рудникот „Суводол”. На лице место на несреќата увид извршила екипа од СВР Битола и лекар од Итна медицинска помош од Битола, при што е констатирана смрт. Телото на починатиот е предадено на обдукција.





Сподели го ова:

Слични објави