Прилеп викендов “ќе пулсира” во знакот на карневалската магија

Сподели го ова:






























Почитувани сограѓани, со гордост ви ја претставуваме програмата за најновото издание на Карневалот „Прочка“!

Програмата започнува во петок на 28 февруари со изложбата на рачно-изработени маски во 12:00 часот во Ликовниот салон на НУЦК „Марко Цепенков“.

Во сабота, на 1 март, исто така во 12:00 часот ќе имаме презентација на традиционалниот обичај, амкањето, во организација на здружението „Преродба“ на платото кај Градскиот Саат, a ќе го имаме и настапот на Robbie Ray Show, на истата локација.

Во недела, на 2 март, нѐ очекува централната манифестација односно Карневалската поворка и самиот Карневал. Поворката ќе тргне во 12:00 часот пред НУЦК „Марко Цепенков“, ќе се движи по бул. Гоце Делчев и ќе заврши на Плоштадот „Методија Андонов Ченто“ каде ќе започне Карневалот „Прочка“ 2025 кој ќе биде збогатен со жонглери, акробати, кловнови, куклари и многу други изненадувања!

Традиционалниот ручек и одбележувањето на „Чист Понеделник“ заедно со здружението „Прилепски Мечкари“ ќе биде на 3 март, во понеделник, во 12:00 часот на манастирот Св. Ѓорѓија во селото Присад.

Ве очекуваме во што поголем број да го одбележиме празникот Прочка!




Сподели го ова:

Слични објави