Прилеп тагува! Почина д-р Рамона Маркоска, универзитетската професорка од Прилеп
Вчера на ден 17.07.2025 година почина д-р Рамона Маркоска, редовен професор на Факултетот за информатички и комуникациски технологии – Битола, при Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола.

Маркоска, во својата кариера беше и советник во Советот на Општина Прилеп од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Колку за потсетување, Маркоска академската кариера на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола ја започнува во 2008 година на Техничкиот факултет – Битола, а веќе во 2014 година продолжува со работа на Факултетот за информатички и комуникациски технологии во Битола.
Меѓу колегите, своите сограѓани и студентите, ќе остане запаметена по нејзината ведра насмевка, голема посветеност и стручност. Телото ќе биде изложено во капелата на новите гробишта во Прилеп денеска од 12:00 часот, а погребот на Маркоска исто така ќе биде денес од 13:00 часот.
















