Прилеп по 20-ти пат им оддаде почит на хероите од Карпалак

Сподели го ова:


И после 20 години од трагичниот 8 август 2001 година, болката и тагата на
прилепчани не згаснуваат. Свежи се сеќавањата на тој кобен ден, кога животот го
загубија десет резервисти од Прилеп. Во нивна чест денеска се одржа панихида
во црквата „Св. Петка“ на која присуствуваа и градоначалникот на Општина
Прилеп, Илија Јованоски, Советот на Општина Прилеп, семејствата на загинатите
прилепски бранители како и нивни соборци. Делегацијата рано наутро ги посети и
вечните почивалишта на загинатите бранители, а делегации од здруженијата на
бранителите ја посетија и месноста Карпалак, каде на 8 август 2001 година се
случи трагичниот настан. Централната манифестација се одвиваше пред спомен обележјето „Карпалак“ во центарот на Прилеп, каде свежо цвеќе положија делегациите: Стево Пендаровски
Претседател на Република Северна Македонија, Министерката за Одбрана
Радмила Шекеринска, Општина Прилеп предводена од градоначалникот Илија
Јованоски, Генералштабот на Армијата, пратениците во Собранието на Република
Северна Македонија, Совет на Општина Прилеп, делегации од здруженија на борци од Прилеп и Македонија, семејствата на загинатите бранители, политички партии меѓу кои и лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски. На 8 август, 2001-та година, на патот Скопје – Тетово, кај месноста Карпалак беа убиени десеттемина прилепски армиски резервисти: Сашо Китановски, Нане Наумовски, Марко Деспотовски, Љубе Груески, Бранко Секулоски, Дарко Велјаноски, Горан Миноски, Пеце Секулоски, Веби Рушидоски и Ердован
Шабаноски.





Сподели го ова:

Слични објави