Прилеп ја одбележа 30-годишнината од Денот на независноста, 8 Септември

Сподели го ова:




Со полагање цвеќе пред споменикот на Методија Андонов – Ченто и Могилата на непобедените, Општина Прилеп го одбележа 8 Септември, Денот на независноста. Покрај делегацијата на Општина Прилеп предводена од градоначалникот Јованоски, на одбележувањето на 30-годишнината од независноста на македонската држава присуствуваа и претставници на Советот на општина Прилеп, Сојузот на борци и на политички партии.На референдумот одржан на 8.Септември 1991 година, од вкупно 1.495.626граѓани со право на глас, на гласање излегле 1.132.981 граѓани или 71.85отсто, од кои 1.079.308 односно 95,09 отсто, се изјасниле позитивно по референдумското прашање.





Сподели го ова:

Слични објави