Прилеп гордо и достоинствено одбележа 161 година од раѓањето на Ѓорче Петров

Сподели го ова:





























Денеска, Прилеп со гордост и достоинство одбележа 161 година од раѓањето на Ѓорче Петров – еден од најзначајните македонски револуционери, идеолози и визионери на македонското ослободително дело.

Како град кој ја негува и продолжува револуционерната традиција, со положување свежо цвеќе пред неговиот споменик во центарот на градот и пред спомен-плочата на неговата родна куќа во Варош, оддадовме достојна почит кон неговото дело и историскиот придонес.

Во рамките на одбележувањето, Средното општинско училиште „Ѓорче Петров“ – Прилеп, кое го носи неговото име, достојно го одбележа својот патронат. По тој повод беа организирани спортски натпревари и пригодна културно-уметничка програма, преку кои младите генерации ја потврдија својата посветеност кон зачувување на историските вредности и љубовта кон татковината.

Цвеќе положија претставници на Општина Прилеп, Советот на Општината, образовни институции, политички партии и здруженија на граѓани, испраќајќи заедничка порака дека ликот и делото на Ѓорче Петров претставуваат трајна инспирација за единство, државност и напредок.

Неговата борба за слобода и самостојност останува наш патоказ, а неговата визија, обврска да продолжиме да градиме подобра иднина за сите граѓани.




Сподели го ова:

Слични објави