Прилеп е спремен! Во недела – “СИТЕ НА ВЕЛОСИПЕД 2025”

Сподели го ова:





























Традиционално во Прилеп во недела ќе се одржи рекреативната тура „Сите на велосипед“- 2025. Возењето на велосипед пред се го зајакнува здравјето а исто така претставува превозно средство кое што не ја загадува нашата животна средина и со кое што многу побрзо и поедноставно ќе стигнете до вашата дестинација.

Општина Прилеп и Велосипедски клуб и сервис „Илинден“ ве покануваат на уште едно незаборавно велосипедско дружење!

СИТЕ НА ВЕЛОСИПЕД 2025!

Старт: пред „Реклами“

Собирање: 11:30 часот

Почеток: 12:00 часот

Патека: Прилеп – с.Мало Коњари- Прилеп

Дата: 25 мај 2025 (недела)

Овој настан е одлична можност за рекреација, дружење и поттикнување здрави навики.

Повелете со вашите велосипеди да го раздвижиме Прилеп заедно!




Сподели го ова:

Слични објави