Прилеп е спремен! Во недела – “СИТЕ НА ВЕЛОСИПЕД 2025”
Традиционално во Прилеп во недела ќе се одржи рекреативната тура „Сите на велосипед“- 2025. Возењето на велосипед пред се го зајакнува здравјето а исто така претставува превозно средство кое што не ја загадува нашата животна средина и со кое што многу побрзо и поедноставно ќе стигнете до вашата дестинација.
Општина Прилеп и Велосипедски клуб и сервис „Илинден“ ве покануваат на уште едно незаборавно велосипедско дружење!
СИТЕ НА ВЕЛОСИПЕД 2025!
Повелете со вашите велосипеди да го раздвижиме Прилеп заедно!
