Прилеп е горд! Годинешните победници од прилепскиот карневал, со учество на Интернационалниот карневал во Лесковац, Р. Србија,

Сподели го ова:





























Годинешните победници од прилепскиот карневал, учествуваа на Интернационалниот карневал во Лесковац, Р. Србија, во конкуренција на учесници од повеќе европски држави!

Како што ја известија нашата информативна редакција дел од родителите на дечињата кои го претставија градот под Марковите Кули во Србија, овие слатки прилепчанчиња во Лесковац се претставија во најдобро светло – онака како што самите знаат и умеат.

Исто така, од страна на организаторот и директорот на карневалот, добиле покана да останат во Лесковац уште еден ден, со цел да учествуваат на главното дефиле на маски.

Секоја чест за овие слатки прилепчанчиња!




Сподели го ова:

Слични објави