Прилеп е горд! ГФК “Победа” со одличен менаџерски тим до нови големи спортски успеси!

Сподели го ова:





























Фудбалот на голема врата се враќа во градот под Марковите Кули.

Имено, здружението ГФК “Победа” – Прилеп официјално е основач на новиот прилепски фудбалски клуб ГФК Победа. Основачи на ова здружение се веќе докажаниот прилепчанец Робертино Илиоски кој всушност е претседател на клубот, како и членовите Игор Стеванов, Роберт Талески, Валентин Колевски и Иванчо Младеноски.

Овој прилепски клуб на почетокот ќе фунционира преку донации и спонзорства, а понатаму се надеваат и на поголема поддршка од Општина Прилеп.

ГФК Победа започнува од третата фудбалска лига, меѓутоа благодарение на одличниот тим се очекува Победа да се врати во првата лига – онаму каде што припаѓа. Филип Мирчески ќе го завземе кормилото на стручниот штаб, а поранешниот фудбалер Тони Наумоски е задолжен за регрутација на младинската екипа, односно пионерите и кадетите.

Тренинзите засега ќе бидат на стадионот со вештачка трева кај типската населба, а првиот официјален тренинг е вечерва во 20 часот. Што се однесува пак до фудбалските натпревари ќе се играат на Градскиот стадион „Гоце Делчев“.

Заследете ја ГФК Победа – Прилеп на следнава фб страна и уживајте во прилепската фудбалска магија:

https://www.facebook.com/gfkpobeda?mibextid=wwXIfr&rdid=7reFonTWCD9TWagD&share_url=https%3A%2F%2Fwww.facebook.com%2Fshare%2F19hjEG14HX%2F%3Fmibextid%3DwwXIfr#




Сподели го ова:

Слични објави