Прилеп е целосно подготвен за заштита и превенција од пожари на отворено

Сподели го ова:





























Заштитата на животната средина и безбедноста на граѓаните бараат навремено делување, добра координација и целосна подготвеност. Како што истакна прилепскиот градоначалник Дејан Проданоски, градот под марковите Кули целосно е подготвен за заштита и превенција од пожари на отворен.о

“Денеска одржавме редовен координативен состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување, со цел да ги координираме сите активности во пресрет на летниот период и да бидеме целосно подготвени за превенција и справување со пожари на отворено, спречување на појава на нови диви депонии и заштита на животната средина.

Заедно со претседателката на Советот, претставници од локалната самоуправа, Дирекцијата за заштита и спасување, ТППЕ Прилеп, Центарот за управување со кризи, јавните комунални претпријатија, ЈП Македонски шуми – подружница Прилеп и АРМ, направивме преглед на досега реализираните активности и ги утврдивме конкретните обврски и чекори за наредниот период.

Во согласност со препораките и насоките на Владата, локалната самоуправа веќе спроведе инспекциски надзор над сите субјекти кои поседуваат Б-интегрирана еколошка дозвола, а се во наша надлежност, со цел обезбедување доследно почитување на еколошките стандарди и спречување на загадување на животната средина.

Посебно сакам да истакнам дека Територијалната противпожарна единица – Прилеп е максимално подготвена и екипирана за навремена реакција и делување на терен, а јавните комунални претпријатија активно ги спроведуваат сите неопходни активности за одржување на јавната чистота, расчистување на критичните точки и превентивно дејствување во пресрет на летниот период.

Воедно упатувам и апел до сите граѓани: да се однесуваме совесно и одговорно, бидејќи само со заедничка грижа можеме да спречиме појава на пожари и создавање нови диви депонии. Една непромислена постапка може да предизвика сериозни последици, големи материјални штети и загрозување на природата, имотот и човечките животи. Затоа, потребна ни е одговорност од секој поединец, затоа што заштитата на нашата околина е заедничка обврска на сите нас” – истакна Проданоски.




Сподели го ова:

Слични објави