Прилеп – домаќин на Балканско првенство во џудо за ветерани – „Прилеп“ 2023

Прилеп e град во кој што и тоа како имаме истакнати џудисти и прекрасни луѓе кои што се занимаваат со овој спорт, a денеска градот под Марковите Кули беше домаќин на околу седумдесетина учесници, ветерани во џудото од целиот Балкан.
Сакам да ја изразам уште еднаш мојата поддршка и да упатам огромна благодарност до Џудо Федерацијата и претседателот Владимир Трпаноски, најпрвин за прекрасната организација денес и за тоа што долги години работат и придонесуваат нашите најмлади преку спортот да го изградат правилно својот дух и да ги научат вистинските вредности. Им посакав топло добредојде на сите учесници од цела Македонија и од балканските земји и морам да истакнам дека во Прилеп секогаш ќе бидете добредојдени. Ви посакувам во една позитивна спортска атмосфера да имате одлични борби, без повреди и нека победат најдобрите – истакна прилепскиот градоначалник Борче Јовчески.