Пријавете се и вие! Рафаела и Марија Дрина повторно ќе пеат на наредното издание на Детскиот музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”
Марија Дрина и Рафаела Јакелиќ наредната 2026 година по втор пат ќе пеат на детскиот музички фестивал “Весели Ѕвонлиња by JANA”. Овие две слатки сестри имаат двојно потекло – по татко се од Хрвтаска, а по мајка се од Македонија, а токму заради тоа пред една година на тогашното фестивалско издание на “Весели Ѕвончиња by JANA” , Марија Дрина ја отпеа песната “Македонија-Хрватска, песна која наиде на голем број на позитивни реакции во градовите ширум Македонија. Наредната година на фестивалот “Весели Ѕвончиња by JANA” овие две сестри премиерно ќе отпеат една одлична новокомпонирана тинејџерска песна, зад која како автори се потпишуваат Рубин Димкоски и Гоце Балада.
Песната е во екстра модерен стил, песна која што со сигурност ќе ги освои срцата на присутната публика. Колку за потсетување, овој месец прилепската публика во НУЦК Марко Цепенков уживаше во најновите детски хитови од 7-то фестивалско издание на Детскиот музички фестивал “Веселите Ѕвончиња by JANA”, каде имаше можност да слушне екстра модерни нови детски и тинејџерски песни со вистински модерен звук, кои можат рамо до рамо да се носат со големите светски музички хитови.
Ова е само потврда дека освен за најмладите, Детскиот Музички Фестивал “Весели Ѕвончиња by ЈАNA” како моментално најмодерен детски музички фестивал остава значајна трага во ѕвезденото музичко небо. Како резултат на светскиот квалитет на песните, Детскиот музички фестивал “Весели Ѕвончиња by ЈАNA” се здоби со титула “МОДЕРЕН-ДЕТСКИ-СВЕТСКИ-БРЕНД”, бренд кој што веќе е препознатлив на нашето ѕвездено музичко небо ширум цела наша земја, а и надвор од неа. Доколку имате од 4 до 15 години и сакате и Вие да бидете дел од детскиот или пак дел од тинејџерскиот музички блок од следното најново спектакуларно фестивалско издание на детскиот музички фестивал “”Весели Ѕвончиња by JANA”, Вашите родители ќе можат да Ве пријават на Facebоok профилот на Гоце Илиески-Балада, на Facebоok профилот на Весели Ѕвончиња, или пак на 070/ 272-593,
