Пријавете се и вие! Прилепчанката Ања Ристеска ќе пее на највеселиот детски музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”
Прилепчанката Ања Ристеска, има седум години и учи во ООУ Кире Гаврилоски – Јане. Имено, Ања за прв пат ќе пее на најновото осмо издание на најпопуларниот детски музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA” кое ќе се случи наредната година во месец април. Во моментов се работи на една убава новокомпомнирана детска песна која ќе ја испее оваа кукличка, а токму со оваа песна Ања ќе настапи наредната година на Детскиот музички Фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA” – фестивалот кој што од страна на публиката е прогласен за МОДЕРЕН-ДЕТСКИ СВЕТСКИ БРЕНД! Автор на музиката и текстот е Гоце Балада, а аранжманот и обработката на песната се дело на Рубин Димкоски од групата Меморија.
Колку за потсетување, во јуни оваа година, прилепската публика во НУЦК Марко Цепенков уживаше во најновите детски хитови од 7-то фестивалско издание на Детскиот музички фестивал “Веселите Ѕвончиња by JANA”, каде имаше можност да слушне екстра модерни нови детски и тинејџерски песни со вистински модерен звук, кои можат рамо до рамо да се носат со големите светски музички хитови.
Ова е само потврда дека Детскиот Музички Фестивал “Весели Ѕвончиња by ЈАNA” како моментално најмодерен детски музички фестивал во земјава остава значајна трага во ѕвезденото музичко небо. Како резултат на светскиот квалитет на песните, овој фестивал се здоби со титула “МОДЕРЕН-ДЕТСКИ-СВЕТСКИ-БРЕНД”, бренд кој што веќе е препознатлив на нашето ѕвездено музичко небо ширум цела наша земја, а и надвор од неа. Доколку имате од 4 до 15 години и сакате и Вие да бидете дел од детскиот или пак дел од тинејџерскиот музички блок од следното најново спектакуларно фестивалско издание на детскиот музички фестивал “”Весели Ѕвончиња by JANA”, Вашите родители ќе можат да Ве пријават на Facebоok профилот на Гоце Илиески-Балада, на Facebоok профилот на Весели Ѕвончиња, или пак на 077/867-169 – ОСТАНАТО Е САМО УШТЕ ЕДНО СЛОБОДНО МЕСТО!!
