Пријавете се и вие! Ива Темелкоски ќе пее на наредното издание на “Весели Ѕвончиња by JANA” – фестивалот кој што е прогласен за МОДЕРЕН ДЕТСКИ – СВЕТСКИ БРЕНД!!
Талентираната Ива Темелкоски од Прилеп, ќе пее на најновото издание на најпопуларниот детски музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”. Ива, учи во ООУ “Кочо Рацин” во Прилеп, и веќе од септември ќе биде осмооделенка. Песната која што ќе ја отпее Ива Темелкоска наредната година на Весели Ѕвончиња е во екстра модерен тинејџерски стил, песна која што со сигурност ќе ги освои срцата на присутната публика.
Ива Темелкоски, веќе во септември ќе влезе во студио каде ќе ја сними нејзината прва песна, со која ќе настапи наредната година на Детскиот музички Фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”. Музиката и текстот за песната ги направи Гоце Илиески Балада, а аранжманот е на Рубин Димкоски (група Меморија).
Колку за потсетување, во јуни оваа година, прилепската публика во НУЦК Марко Цепенков уживаше во најновите детски хитови од 7-то фестивалско издание на Детскиот музички фестивал “Веселите Ѕвончиња by JANA”, каде имаше можност да слушне екстра модерни нови детски и тинејџерски песни со вистински модерен звук, кои можат рамо до рамо да се носат со големите светски музички хитови.
Ова е само потврда дека освен за најмладите, Детскиот Музички Фестивал “Весели Ѕвончиња by ЈАNA” како моментално најмодерен детски музички фестивал остава значајна трага во ѕвезденото музичко небо. Како резултат на светскиот квалитет на песните, Детскиот музички фестивал “Весели Ѕвончиња by ЈАNA” се здоби со титула “МОДЕРЕН-ДЕТСКИ-СВЕТСКИ-БРЕНД”, бренд кој што веќе е препознатлив на нашето ѕвездено музичко небо ширум цела наша земја, а и надвор од неа. Доколку имате од 4 до 15 години и сакате и Вие да бидете дел од детскиот или пак дел од тинејџерскиот музички блок од следното најново спектакуларно фестивалско издание на детскиот музички фестивал “”Весели Ѕвончиња by JANA”, Вашите родители ќе можат да Ве пријават на Facebоok профилот на Гоце Илиески-Балада, на Facebоok профилот на Весели Ѕвончиња, или пак на 077/867-169 – ОСТАНАТО Е САМО УШТЕ ЕДНО СЛОБОДНО МЕСТО!!
