Пријавете се и вие! Илина Наумоска и оваа година ќе пее на најпопуларниот детски музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”
Талентираната Илина Наумоска, е уште една детска музичка ѕвезда од Детскиот музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”, која што на овој најактуелен детски музички фестивал настапува веќе повеќе години. Имено, родителите на Илина по 5-ти пат му ја доверија довербата на Гоце Балада, за да на Илина и направи екстра детска песна, со која настапи на следното издание на “Весели Ѕвончиња by JANA”-Прилеп 2025. Со други зборови, Илина ќе ја гледаме и на најновото фестивалско издание на Детскиот музички фестивал “Весели Ѕвончиња” кое ќе се одржи во Април оваа година во Прилеп.
Песната која што ќе ја отпее Илина наредната година е во екстра модерен детски стил, песна која што со сигурност ќе ги освои срцата на присутната публика. Во април оваа година, прилепската публика во НУЦК Марко Цепенков ќе ужива во најновите детски хитови од 7-то фестивалско издание на Детскиот музички фестивал “Веселите Ѕвончиња by JANA”, каде ќе има можност да слушне екстра модерни нови детски и тинејџерски песни со вистински модерен звук, кои можат рамо до рамо да се носат со големите светски музички хитови.
Ова е само потврда дека освен за најмладите, Детскиот Музички Фестивал “Весели Ѕвончиња by ЈАNA” како моментално најмодерен детски музички фестивал остава значајна трага во ѕвезденото музичко небо. Како резултат на светскиот квалитет на песните, Детскиот музички фестивал “Весели Ѕвончиња by ЈАNA” се здоби со титула “МОДЕРЕН-ДЕТСКИ-СВЕТСКИ-БРЕНД”, бренд кој што веќе е препознатлив на нашето ѕвездено музичко небо ширум цела наша земја, а и надвор од неа. Доколку имате од 4 до 15 години и сакате и Вие да бидете дел од детскиот или пак дел од тинејџерскиот музички блок од следното најново спектакуларно фестивалско издание на детскиот музички фестивал “”Весели Ѕвончиња by JANA”, Вашите родители ќе можат да Ве пријават на Facebоok профилот на Гоце Илиески-Балада, на Facebоok профилот на Весели Ѕвончиња, или пак на 070/ 272-593 – ОСТАНАТО Е САМО УШТЕ ЕДНО СЛОБОДНО МЕСТО!!
