Пријателството не познава ниту вера -ниту граници! Проданоски вчера на ифтарска вечера со неговите сограѓани од исламска вероисповед

Сподели го ова:





























По повод светиот месец Рамазан, беше организирана заедничка ифтарска вечера со нашите сограѓани и пријатели од исламска вероисповед и прилепскиот градоначалник Дејан Проданоски.

“Овој настан е уште една потврда дека меѓусебната почит, традицијата и духовните вредности се темелот врз кој ги градиме нашите односи. Преку вакви средби испраќаме силна порака дека заедништвото и разбирањето се нашата најголема сила.

На само неколку дена пред Рамазан Бајрам, посакувам овие свети денови да донесат мир, хармонија и благосостојба во секој дом.

На сите припадници на исламската вероисповед им посакувам добро здравје, спокој, радост и убави моменти поминати во кругот на најблиските.

Заедно продолжуваме да градиме посветла иднина за Прилеп” – истакна Проданоски.




Сподели го ова:

Слични објави