Претседателот Пендаровски ги одликува Стојан Андов и пратениците од првото повеќепартиско собрание со Орден „8 Септември“

Сподели го ова:




Претседателот Стево Пендаровски, по повод 8 Септември, Денот на независноста, ги одликуваше Стојан Андов, прв претседател на првото повеќепартиско собрание и пратениците во Собранието на Република Македонија во мандатниот период од 1990 до 1994 година, со Орден „8 Септември“.Стојан Андов се одликува со Орден „8 Септември“ за неговото политичко делување како прв претседател на првото повеќепартиско собрание при што остави неизбришлив белег во процесот на градење на македонската парламентарна демократија, како и за неговиот значаен придонес кон донесување на неопходните државотворни акти и документи со кои јасно се трасираше патот за изградба на самостојна и независна држава.Пратениците во Собранието на Република Македонија во мандатниот период од 1990 до 1994 година се одликувани со Орден „8 Септември“ за донесувањето на државотворните акти и документи кои јасно ја изразуваа вековната желба на македонскиот народ и на останатите етникуми за изградба на самостојна држава притоа уважувајќи ги сите граѓани без разлика на етничката или верската припадност, како и за изборот на првиот претседател и првата Влада, за распишувањето на референдум за независност и за усвојувањето на првиот устав, химна и знаме со што се удрија темелите на независна и суверена македонска држава.





Сподели го ова:

Слични објави