Претреси и во Битола! Утрово МВР со акција за детска порнографија во повеќе градови

Сподели го ова:





























Во координација со одделенијата при СВР Битола, СВР Охрид и СВР Струмица, Секторот за компјутерски криминал при Бирото за јавна безбедност, утрово започна координирана акција во повеќе градови низ државата за лица осомничени за детска порнографија.

Утрово се вршат претреси на вкупно седум локации, со цел обезбедување докази за кривично дело „производство и дистрибуција на детска порнографија“, а се одземаат дигитални податоци и компјутерски уреди.

Според неофицијални информации, едно од лицата опфатени со акцијата се занимавало со медиумска активност правејќи поткасти.

Повеќе информации во следните наши објави!




Сподели го ова:

Слични објави