Премиерот Мицкоски во посета на манастирот Св. Јоаким Осоговски
Премиерот Мицкоски денеска беше во посета на манастирот Св. Јоаким Осоговски, за кој манастир, Мицкоски истакна дека е ремек дело на нашата култура, традиција и духовна посветеност.
Во пресрет на двата големи празници бев во посета на прекрасниот и живописен манастир Св.Јоаким Осоговски. Ремек дело на нашата култура, традиција и духовна посветеност. Да работиме за решавање на проблемите, да ги менуваме работите, за подобра иднина и просперитет на нашиот народ и земја – порача Мицкоски.
